Почина тригодишната ќерка на американскиот актер Мигел Сервантес, а а тажната вест на социјалните мредиуми ја објави сопругата на актерот, Кели Сервантес.
– Апаратите се исклучени. Нејзиниот кревет е празен. Тишината е глува. Аделаид Грејс не остави рано во неделата наутро. Таа замина во мир, во моите раце, опкружена со љубов. Таа конечно се ослободи од болката, грчевите, но нашите срца се скршени. Те сакаме неописливо и ќе те сакаме засекогаш – напиша Кели, а објавата подоцна ја сподели и актерот.
Девојчето имало епилептични напади од кога имало седум месеци, а на девет месеци и било дијагностицирано нарушување на инфантилни грчеви, стручно наречено „инфантилна колика“, пипшува магазинот „Пипл“.
На почетокот на октомври, Мигел објави фотографија од неговата тригодишна ќерка и седумгодишниот син, оставајќи отпечаток од вкрстените раце во калап.
– Направивме калап на рацете на синот и ќерката. Тоа е веројатно најубавата работа што сум ја видел досега – напиша актерот во тоа време.
За потсетување, Мигел стана познат по неговата улога во мјузиклот „Хамилтон“, а тој одигра мала улога во серијата „Црн список“.