Почина таткото на македонскиот учесник во „Ѕвездите на Гранд“, Дарко Даринос.
Дарко на својот „Фејсбук“ се огласи со емотивна порака и се прости од неговата најголема поддршка.
-Не се договоривме вака татичко мој. Зошто Боже ми го зема. Мој херој, мој пријател. Мој херој, мој пријател, моето сė. Се уште чекам пропуштен повик од тебе. Ќе се сретнеме ние пак на многу поубаво место, а дотогаш ти ветувам дека гордо ќе ме гледаш од небото и ти и мама…Ми фалиш тато“, напиша пејачот покрај објавата.
Даринос ја објави и песната „Дали чекаш стара мајчице“ од Гоце Арнаудов, а во описот напиша:
-Tвојата омилена….Тато толку работи сакав да ти подарам во животот, цел живот си се мачел и работел за нас како деца и фамилија. Често викаше – ее кола купив (прва во неговиот живот) не седнав во неа пусти мерак и пуста болест до кога вака ќе бидам…и не седна татко, душава ми се скина, те нема.
Редакцијата на вистина.ком.мк изразува сочувство до Даринос.
фото: принтскрин/фејбсук/даро даринос