Мажот на Лепа Лукиќ, почина во Канада каде што живееше. Кога ја доби оваа тажна вест, пејачката веднаш се спакува и замина преку океанот.

Имено, Лепа Лукиќ и нејзиниот сопруг Милан Милановиќ никогаш не се појавија заедно во јавноста, а во една прилика таа ги објасни причините:
“Мојот сопруг не сака да слика, живее во Канада, тој не копнее да оди со мене по градските настани, а, впрочем, што мора и да влечам „приколка?” Сега не е важно кој е мојот маж. Сега е поинаку. Ние сме во брак речиси 19 години, одам често кај него, но, не можам да ја напуштам работата поради него, и затоа живееме на две локации. Важно е дека тој сфаќа сè” – изјави Лепа минатата година.

Ова беше нејзиниот трет брак по ред. Пред вториот брак со познатиот менаџер Владо Перовиќ, беше мажена за покојниот Тома Лукиќ.
Фото: Рајко Ристиќ/Петар Марковиќ