Популарниот фолк пејач Синан Сакиќ ја загуби битката со болеста која ја водеше подолг период.
Како што пишуваат српските медиуми пејачот почина на денот кога требало да му го соопштат датумот за трансплантација на црниот дроб.
Лекарите 24 часа се грижеа за пејачот и семејството не ја загуби ниту последната надеж, но сепак последната битка Сакиќ ја загубил во текот на вчерашниот ден.
Минатата година тој имаше операција на која му беа вградени стентови во жолчните канали, но лекарскиот конзилиум составен од еминентни лекари од неколку балкански земји констатирал дека тоа не е трајно решение и дека пејачот сепак ќе мора да оди на трансплантација на црниот дроб.
Синан зад себе остави семејство, сопругата Сабина со која е во брак од 1981 година, како и двата сина – Ален и Рашид.
Покрај тоа остави и богато музичко наследство од 30 албуми, од кои последниот со наслов „Једина“ (Единствена) го сними во 2014 година.