Мегафон тага на естрадата...

Почина младата српска пејачка, учесничка во шоуто „Јас имам талент“: Леукемијата и го загорчи животот, коронавирусот ја докрајчи! (ВИДЕО)

Почина младата српска пејачка, учесничка во шоуто „Јас имам талент“: Леукемијата и го загорчи животот, коронавирусот ја докрајчи! (ВИДЕО)

Младата пејачка Наталија Лазиќ од Обреновац почина во Институтот за онкологија на 29-годишна возраст.

Наталија, поранешна учесничка во шоуто „Јас имам талент“, се борела со леукемијата, а фатален за нејзиниот живот беше коронавирусот.


Најпрвин пејачката која  боледуваше од леукемија била сместена во белградскиот Институт за онкологија, каде што, откако билатретирана со цитостатици кои влијааат на пад на имунитетот, се заразила и со коронавирусот во моментот на лекување, кога морала да биде целосно изолирана од опасноста.


Наталија пееше и изворна музика и рок, а пееше и на француски. Колегите, пред се’ од нејзиниот град, се збогуваа со Наталија на социјалните мрежи.

Инаку, таа работела како професор по француски јазик во едно основно училиште во Обреновац.

Потсетете се како некогаш пееше Наталија:

To top