Мегафон тажна вест

Почина легендарниот српски ТВ водител и композитор Миња Субота

Почина легендарниот српски ТВ водител и композитор Миња Субота

Телевизискиот водител и композитор Миња Субота почина на 82 -годишна возраст, објави заменик -градоначалникот на Белград, Горан Весиќ.

Српските медиуми пишуваат дека починал од опасната болест со која се борел долго време.

Во саботата тој итно бел пренесен на одделот за пулмологија. По укажаната помош, неговата состојба била стабилна.

Милан Миња Субота е роден на 8 ноември 1938 година во Сараево. Дипломирал на Електротехничкиот факултет, а посетувал и основно и средно музичко училиште во Белград.

Тој беше автор и водител на „Музички тобоган“ – популарна програма за деца која се емитуваше 18 години. Беше претседател на Здружението на поп-уметници на Југославија и Србија, во одборите на директори на Сојузот на композитори на Србија и Здружението на џез, поп, рок и рок музичари на Србија, и член на програмскиот совет на Детски игри Змеј.

Инаку тој е човекот кој во својата емисија „Музички топоган“ ја прослави Наташа Беквалац.

Поради својата посветеност на работата со децата, тој доби и многу награди, а неговите песни за деца се составен дел од музичкото образование на помладите ученици од училишна возраст.

фото: принтскрин/студио булевар/саша џамбиќ/србија данас/ата имагес/анотниоа ахел

To top