Кристин Мекви, членка на „Флитвуд Мек“ (Fleetwood Mac) која напиша и пееше некои од нивните најпознати песни, како што се „Little Lies“, „Don’t Stop“, „Everywhere“, „Say You Love Me“, „Hold Me“ и „Songbird“, почина на 79-годишна возраст, соопшти нејзиното семејство.
Британската пејачка, кантавторка и клавијатуристка е родена како Кристин Ен Перфект, 1943 година, во градот Бут на северозападот на Англија.
Беше пејачка на „Флитвуд Мек“, една од најпознатите поп-рок групи на сите времиња, цели 36 години. Го напушти составот во 1998 година, а му се врати во 2014 година.
Музичарката починала во болница.