Мегафон IN MEMORIAM:

Почина Иван Карадак – авторот на „Хихириху“ и татко на модерната македонска сатира

Почина Иван Карадак – авторот на „Хихириху“ и татко на модерната македонска сатира

Денес, 17-ти  декември 2017, недала,  во Скопје, почина таткото на модерната македонска сатира, големиот – Иван Карадак.

Иван Карадак беше познат на пошироката јавност по емисијата “Хихирику” што секоја недела одеше на првата програма на македонското радио, во 11 часот, цели  40 години.

Иван Карадак беше автор на бројни театарски претстави и беше текстописец на првото кабаре во Мaкедонија насловено “Кабаре – Коприварник “.

Беше автор на театарските претстави: “Угоре високо – Удолу длабоко”, “Хумористична партија “, адаптацијата на текстот “Како да ја убиеш сопругата и зошто”, три новогодишни претстави за деца, првонаградената радио-драма “Мајче” и многу други.

Беше автор и на неколку книги: афоризмите “Коприварник”, сатиричните песни “Талкач по душата “, сатиричните песни “Записи врз водата”, куси сценарија “Лајач на месечина” и најновата книга афоризми “Мисли со Боцки “. Беше автор и на многу телевизиски драми и серии, меѓу кои: првонаградената “Цвеќе на карпатa “, познатите “Камчевци”, “Алф од Ново Лисиче “, “Ало Ало “, “Агенција осамени срца”, “Балканбенд ” и други.

Добитник на многу награди меѓу кои државната награда Св. Климент Охридски.

Последниот поздрав ќе биде во понеделник, 18 декември 2027, во 12 часот, во Капелата на гробиштата во Бутел.

To top