Актерот Рон Либман почина на 82 години како последица од воспаление на белите дробови. Ова тажна вест ја потврди неговиот менаџер .
„Агенцијата „Абрамс Артис“ е тажна поради смртта на Рон. Тој беше неверојатно талентиран актер во областа на филмот, телевизијата и театарот. Нашите мисли се со неговата сопруга Џесика и семејството“ вели менаџерот во соопштението за медиумите.
Либман е роден во Њујорк, а најпознат е по улогите во филмовите “Slaughterhouse-Five”, “Where’s Poppa?” и “Norma Rae”.
Во серијата „Пријатели“ тој ја имаше улогата на татко на Рејчел Грин.
Рон е добитник на наградата „Тони“ за улогата во театарската претстава „Ангели во Америка“ и „Еми“ за улогата во телевизиската драма „Каз“.