Махир Мулалиќ ја однесе победата на 14 сезона на регионалното музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Откако Поповиќ го прогласи победникот, следуваше најемотивниот момент. Имено, Махир се расплака од среќа, а неговата менторка Марија Шерифовиќ прва му честиташе.
По прогласувањето на победата, Махир изјави дека се уште не е свесен што му се случило.
„Јас сум под толку голем впечаток, не можам да опишам, ќе се соберам за неколку дена. Целиот се тресам. Кога снимавме, јас морав да примам инфузија, ова беше луд ден“, изјави Махир.
На прашањето дали победата ја посветува на неговата мајка која неодамна почина, тој одоговри:
„Дефинитивно, мајко ова е за тебе. Те сакам“, одговори победникот.
Потсетуваме, мајката на Махир почина на 3 април во моментот кога тој се бореше за финалето во кое успеа да стигне и да победи.
„Што и да напишам во овој момент, малку е. Мајка си е мајка. Кога имате мајка чие име е „жртва“ тогаш знаете за што зборувам. Твојата добрина, длабоко разбирање, квалитетно воспитување и се што ни остави во аманет е нешто што ќе живее низ нас. Ти беше и ќе останеш наше светло. Наш победник. Зрачеше со ведерина која малкумина ја имаат. Убави зборови, добри дела, неисполнување на твоите желби за да на нас ни дадеш се што е во твоја моќ. Ми останаа уште многу убави работи да ти кажам, но ќе ги оставам за нашата средба во иднина. Те сакам“, напиша Махир тогаш.