Победникот на „Ѕвездите на Гранд“, Махир Мулалиќ откри нови детали од својот живот.
„Посакував победа, но не очекував. Го запоставив факултетот поради натпреварувањето. Имав страв и стрес како ќе се претставам. По финалето успеав да заспијам, но со денови имам снимања, така да сум изморен. Отсекогаш сакав да бидам пејач“, изјави Махир.
„Мислам дека бев миленик на Саша Поповиќ, тој ги сака оние кои се борат, татковски е настроен. На денот на финалето ми беше загрозено здравјето, примав инфузија. Пред самото финале добив труење со некоја храна, пица. И покрај се, успеав да излезам“, вели победникот.
„Марија знае да биде строга, така животот ја научил. Таква е каква што е, гениј е, немаше да биде каде што се наоѓа ако не беше строга. На секоја проба не се согласував со Марија. Со обострасно договарање доаѓавме до заеднички резултат. Би сакал еден ден да се омажам и да бидам семеен човек, но тоа сега не ми е на радар. Ми се допадна една кандидатка од „Ѕвездите на Гранд“, но не сакам да зборувам за тоа“, изјави Мулалиќ.
Инаку, Марија Груевска го освои шестото место, а Мите Стоилков 4то место во музичкото шоу.