Во саботата заврши 14-та сезона на „Ѕвездите на Гранд“, а победата ја однесе Махир Мулалиќ од Босна и Херцеговина.
Неговата менторка, Марија Шерифовиќ на својот „Јутуб“ објави видео од случувањата зад сцената пред финалето на музичкото шоу.
Таа откри дека на денот на финалето, Махир се отрул со пица и не се чувствува добро.
„Јас морав да се вратам дома да направам супа за Махир. Затоа што изгледа се отрул. Синоќа јадел некоја пица која не му одговарала и во овој момент прима инфузија. Нека Господ ни е на помош, јас пукам од стрес. Ќе му однесам супа и се надевам дека ќе биде добро“, изјави Шерифовиќ.
Махир во „Гранд магазин“ истакна дека еден ден пред финалето јадел пица и мисли дека се отрул.
Инаку, Мулалиќ својата победа ја посвети на неговата покојна мајка која неодамна почина од последици на коронавирусот.