Минатата година, Џејла Рамовиќ го доби најубавиот роденденски подарок од нејзините родители, кој стана и новит член на нивното семејството – машка малтешка пудла која ја нарече Рио.
Оттогаш, кученцето стана миленик во домот на поранешната победничка на „Ѕвездите на Гранд“, па таа честопати споделува фотографии со својот миленик на социјалните мрежи.
Така, сега ги разнежни своите следбеници со ново видео и уште еднаш покажа колку е голема нејзината љубов кон Рио.
„Галење“ – напиша таа во описот на видеото во кое го бакнува своето милениче, што ги воодушеви корисниците на Инстаграм и заработи илјадници лајкови и кометари од типот:
View this post on Instagram
„Господе, каков е“, „Толку сте слатки“, „Ова е најубавото нешто“, „Колку сте медени“… се некои од коментарите под видеото споделено од Џејла, иако имаше и такви кои напишале: „Подобро ќе те чувам“ , „Јас лаам потивко“ или „Мене вака да ме бакнуваш, не би останал толку мирен“…! А кој би бил…? Освен Рио!