Пејачот Стефан Петрушиќ победи на натпреварот „Ѕвезде Гранда“ во 2011 година, но денес ретко го гледаме во медиумите, а во септември минатата година стана татко.
Имено, тој одлучил првенствено да инвестира во своето образование, па покрај музичката кариера изградил и адвокатска. Стефан завршил Правен факултет и денес работи како правник, но не се откажува од музиката.
View this post on Instagram
-Новинарите често прават грешка дека престанав да се занимавам со музика и се посветив на правото. Ова не е вистина. Вложив многу време и себе си во двете работи за да не се откажам на крајот. Сакам да ги работам двете работи – изјавил Стефан во една прилика во емисијата „Гранд њуз“ и додал дека е попродуктивен кога има повеќе обврски и дека не знае да функционира поинаку.
Тој призна и дека им пружил правна помош на колегите.
– Веќе застапував многу колеги. Им кажав дека мојот број е секогаш достапен, секогаш кога имаат проблем,изјавил тој.
фото:Принтскрин Инстаграм/јутјуб