Радио Милева

По завршувањето на „Пинкови ѕвездички – all stars“, Гоца Тржан откри што мисли за Антониа Гиговска

По завршувањето на „Пинкови ѕвездички – all stars“, Гоца Тржан откри што мисли за Антониа Гиговска

Предтходната недела заврши регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички – all stars“.

Оваа сезона на сцената на „Пинк“ повторно се појави Антониа Гиговска која само добиваше позитивни коментари од жирито, а важеше за еден од фаворитте.

Иако Гиговска важеше за еден од фаворитите и можен победник, сепак таа не ја однесе победата.

Во финалната вечер, Антониа се претстави со песните „Proud“ и „I will never love again“, а жирито беше воодушевено од нејзината интепретација, па Гоца истакна дека треба да ја означат Лејди Гага за да го види нејзиниот настап.

https://www.youtube.com/watch?v=dDMqunrv7JQ

По крајот на сезоната на „Пинкови ѕвездички“, Гоца Тржан во својот влог на „Јутуб“ на кратко го прокоментира финалето и што навистина мисли за нашата учесничка Антониа Гиговска.

фото: Принтскрин/инстаграм/антониагиговска

„Сакам да кажам дека сум дел од жирито и немав ништо со тоа кој ќе победи, за тоа одлучувате вие. Јас честитам на победникот и на другите кои беа во суперфиналето“ вели Тржан и додава:

„Моите фаворити не победија, имав два фаворита. Сергеј победи многу заслужно, затоа што имаше гласачи и кој ќе гласаат за него.Мој фаворит беше Антониа, мислам дека е еден фантастичен вокал, таа е готов пејач. Објективно, таа е повозрасна и е формиран пејач“ изјави кратко Тржан.

 

View this post on Instagram

 

Polsko cveke❤? @gocatrzan❤ #toseproeski #polskocveke

A post shared by Antonia Gigovska (@antoniagigovskaa) on


Иако Гиговска не победи во суперфиналето, таа ги освои симпатиите на публиката и жирито.

За потсетување, неодамна во едно интервју Гоца истакна дека многу ја сака Македонија и македонската храна.

Емисијата каде Тржан ја фали Антониа гледајте тука.

To top