Радио Милева
непоправлива љубовџика...

По вториот „брачен Титаник“ Сани Гроздановска има нов љубовник: Ја погоди ли овој пат вистински мерката, ќе биде ли „трета – среќа“ за фолкерката? (ФОТО)

По вториот „брачен Титаник“ Сани Гроздановска има нов љубовник: Ја погоди ли овој пат вистински мерката, ќе биде ли „трета – среќа“ за фолкерката? (ФОТО)

Македонската фолк пејачка Сања Сани Гроздановска има ново момче. Имено, по  разидувањето од нејзиниот втор споруг, кое пејачката долго го криеше од јавноста, Сани едно време беше сама.  Дури и се пожали дека има проблеми зашто ја опседнуваат додворувачи, од кои некои биле до толку нападни, што фолкерката морала да најми и лично оезбедување да ја следи и биде за цело време во нејзина близина.

Но, приватниот живот на пејачката никако не влијаеше негативно на нејзината кариера, напротив, бројот на настапи – таканаречените „тезги“ по разни локали, ноќни клубови, свадби и приватни прослави дури и и’ се зголеми.

А, кога те има насекаде, кога си меѓу мноштво различни луѓе речиси скоја вечер и можностите за нови познанстава ти се зголемуваат. Дали вака или преку некои свои пријатели и познаници или можеби пак преку социјалните мрежи Сани ја запознала својата нова љубов, останува пејачката сама дополнително да се изјасни.

Како и да е, за прв пат по „последниот брачен бродолом“  преживеаната од „брачниот Титаник“ обзнани фотографии со новиот љубовник. Информациите велат дека се работи за момче по име Никола, кој не живее во Македонија.

Имено, пејачката е сега во љубовна врска со човек кој работи како генерален менаџер на еден термохотел и спа лоцирани на швајцарските алпи. Дека навистина љубовта „букти“  кусо ни потврди фолкерката самата, не сакајќи да дава попрецизни детали, не барем засега…

Од споделените фотографии на кои Сани е во прегратките на нејзиниот нов човек во животот, јасно се гледа дека пејачката била кај нејзиното ново момче на гости. Размената на сочни бакнежи и нежности во базенот само ја потврдува убавината на денот во кој двајцата уживале на швајцарските алпи.

Дали пејачката  овој пат ја погоди  вистински мерката, ќе биде ли ова „трета – среќа“ за фолкерката, рано е да се претпоставува? Сепак, по она што почетокот го наговестува, лесно може да се случи Сани набргу да им пее само на иселениците во блиската дијаспората, а дома да доаѓа само одвреме-навреме, кога сака, може и мора?! Впрочем, ене каде е Швајцарија!

А, Никола? Кој чека ќе се начека, ама и ќе дочека… Белким овој пат на Сани ќе и биде „треќа-среќа’, а на обајцата – за навека!?

Фото:Инстаграм принтскрин/sani.grozdanovskasanja

Останати вести од Радио Милева