Радио Милева Таа ќе ве лечи со песна

По Викторија Јаначковиќ и Симона Поповска уште една згодна докторка на македонската естрада! (ФОТО)

По Викторија Јаначковиќ и Симона Поповска уште една згодна докторка на македонската естрада! (ФОТО)

Македонската естрада не треба да се секира. Или не барем оние кои имаат и други професии, односно се на добар пат да дојдат до диплома, а таа да не биде музичка. Особено ако е во прашање онаа лекарската. А, на домашната естрада очигледно се’ повеќе докторки. По Викторија Јаначковиќ и Симона Поповска, на пример, уште една македонска поп пејачка е на најдобар пат да стане лекар.

Само што оваа има од двете по нешто… Исто како и убавата манекенка, топ модел и згодна забарка Јаначковиќ, и оваа ќе биде стоматолог, а како и шармантната и сексапилна Др. Симона Поповска, таа исто така пее.Ако се’ уште не ви е јасно за кого се работи, еве да ви откриеме: во прашање е струмичанката Александра Јанева.

Таа е апсолвент на Медицинскиот факултет  и уште некој испит и недостасува да стане стоматолог. Дипломиран доктор по дентална медицина. Што е огромна предност и за неа и за многумина од нас.

Имено, шармантната струмичанка така ќе има два занаета, па кога сака ќе пее, кога сака ќе пломбира… Зашто ако нема доволно публика, во оваа земја пациенти секогаш ќе има… колку да сака(ш)!

To top