Деновиве во медиумите се појави вести дека наводно сопругот на Тања Савиќ има проблеми со дрога.
Наводно, Душан веќе неколку дена се наоѓа на клиника за одвикнување од наркотици.
По сите пишувања и шпекулации, Тања на својот „Инстаграм“ се обрати со јавно соопштение.
„Ова го пишам само заради моите фанови, инаку не би се огласувала. Драги мои, се што ќе прочитате или ќе слушнете во медиумите, а да не е од моја уста, не верувајте. Се е лага. Многу од вас се загрижени, затоа сакам на овој начин да ви кажам дека нема потреба да се грижите. А новинарите нека си ја работат својата работа, од тоа живеат….Само нека стават поголема фотографија и тоа е тоа… Уживајте во моите нови песни, наскоро излегува нова“ напиша Савиќ на „Инстаграм“.