Радио Милева

По уште една успешна сезона, водителката на „Брза кујна“ се прости од ТВ екраните

По уште една успешна сезона, водителката на „Брза кујна“ се прости од ТВ екраните

Во програмата на Сител телевизија секој ден имаме прилика да ја гледам кулинарската емисија „Брза кујна“ која е една од најгледаните од овој вид.

Шефовите Марк и Никола со намирници донесени од натпреварувачите подготвуваат разни специјалитети.

Водителката Александра Илиевска заедно со готвачите четири години по ред успева да го задржи вниманието на луѓето.

Така беше оваа сезона кога заврши четврта сезона на кулинарското шоу.

Водителката на „Брза кујна“, Александра преку својот „Фесјбук“ се прости од ТВ екраните најавувајќи го крајот на оваа сезона потенцирајќи дека вложиле многу труд.

„Почитувани гледачи и љубители на убава храна, 4та сезона на лиценцираното кулинарско шоу на Сител телевизија, “Брза кујна” денес заврши.
Се гледаме со нова 5та сезона од септември, во ист термин 17 часот. Благодарност до целиот тим на Сител Телевизија за одлично завршената работа. Вложивме многу напор, а во таков ритам ќе продолжиме.

Убаво лето!“, напиша водителката на „Фејсбук“

фото: фејсбук

Екипата на „Брза кујна“ го означи крајот на оваа сезона, а следната сезона започнува во септември каде што повторно ќе имаме прилика да гледаме.

Како екипата ќе кулинарското шоу ќе ги наполни батериите останува да видиме.

To top