Пејачката Индира Арадиновиќ Инди утрово била запрена од сообраќајната полиција по што и е поднесена и е прекршочна пријава за возење без возачка дозвола, која пред неколку дена и била одземена.
Пејачката била запрена во белградската населба Карабурма, каде што таа живее. Според сознанијата добиени од полицијата, претходно на три месеци и била одземена возачката дозвола. Според законот, за ова дело е предвидена казна затвор од најмалку 15 дена или парична казна од 100.000 до 120.000 динари (околу 50-60.000 денари) и 14 казнени поени. Заедно со овие мерки следува и нова забрана за возење од најмалку осум месеци.
Да потсетиме, минатата недела изби голем скандал кога во медиумите се појави видео од тепачката меѓу сестрите Инди и Едита Арадиновиќ.
„Не можам да зборувам за самата причина за конфликтот и за активирањето на истиот. Премногу е интимно. Веднаш потоа со Едита отидовме на кафе, мама беше со нас, не прегрна и бакна“ – кусо изјави тогаш Инди.
Фото: Илустрација/Инстаграм принтскрин/indy_ara_indira