Цеца Ражнатовиќ се сретна со Јелена Карлеуша во Вториот основен суд во Белград. За потсетување, Цеца ја тужи Јелена за тврдењето дека таа стои зад убиството на Зоран Давидовиќ , а Карлеуша, Ражнатовиќ затоа што му рече на судијата дека вакви изјави не дава за медиумите ментално стабилна личност.
– Ниту навредувам, ниту сакам да понижувам, затоа што јас сум доволно свесна за моите квалитети за да имам потреба да понижувам и јавно навредувам некого. Ако некој без факти не оди во суд, не оди во полиција, туку оди во медиуми и зборува таков куп обвинувања и лаги, а со тоа се заканува на безбедноста на целото мое семејство, тоа и штети на мојата репутација и чест и морам да се оправдам за некои навистина одвратни работи, таа личност не може да биде психолошки нормална – изјави Цеца своевремено.
Кога се вратила во семејниот дом, Цеца била пречекана со подарок што ја воодушеви, и тоа го објави на Инстаграм:
Денот можеби не и почна така убаво, но и заврши како што би можела да посака.