Радио Милева

По скандалот со Врањеш и смртта на Дивна, Јелена и Душко се решија на знајачна промена за децата

По скандалот со Врањеш и смртта на Дивна, Јелена и Душко се решија на знајачна промена за децата

Регионалните медиуми не запираат со натписите за Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, особено со скандалот со фудбалерот Огњен Врањеш и смртта на Дивна Карлеуша.

Најново што пишуваат српските медиуми е тоа дека Јелена и Душко се одлучиле да го променат училиштето на нивните ќерки.

Наводно тие посетиле едно приватно училиште на Дедиње, во кое Атина и Ника ќе го продолжат образованието.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on

-Душко и Јелена решиле да им го променат животното и работното опкружување поради се низ што помина нивното семејство. Пред се поради скандалот чиј главен актер беше токму Јелена, а потоа и поради смртта на Дивна Карлеуша. Како децата во тие години во кои се Ника и Атина знаат да бидат немилосрдни, да закачаат и оговараат, Тошиќ и Карлеуша се убедени дека тоа во новото училиште нема да го има. Имено тие избраа интернационално училиште во кое претежно одат странци, наставата е на англиски јазик и веруваат дека другите деца нема ни да знаат кои се Душко и Јелена, а камоли да знаат што им се случувало во приватниот живот – раскажал извор близок на пејачката.

Одлуката да ги запишат ќерките во тоа училиште е и поради неговата локација.

-Душко и Јелена до крај на пролетта се селат во вила на Сењак која ја купиле од Драган Стојковиќ Писки, а новото училиште кое ќе го посетуваат Атина и Ника се наоѓа на 5 минути оттаму. Внатрешните работи се при крај, а Душко престојот во српската престолнина ќе го искористи и за надгледување на истите – додал изворот.

To top