Во српските медиуми често се шпекулираше дали Радмила Манојловиќ се уште е во врска со нејзиниот колега Харис Берковиќ бидејќи долго време не се појавуваат заедно во јавност, ниту пак отворено зборуваа за нивната љубов, па се повеќе беа гласините дека ставиле крај на романсата.
Рада гостуваше во емисијата „Амиѓи шоу“ каде по долго време стави крај на приказните и откри дали се уште се заедно.

„Да и ништо не се промени, ни на подобро, ни на полошо, се шегувам. Ние сме “статус кво“, изјави Рада.
Манојловиќ откри дека и многумина нејзини колеги и колешки не ја подржувале за љубовта, па и зборувале зад грб.
„Може ли да кажам што зборуваа? Добро, не можам да кажам дека дојдоа да ми кажат во лице, но слушнав дека зборувале дека сум постара…Ние сме во супер односи, но моите колешки го советувале дека е многу помлад и дека треба да живее. Не почувствуваме поддршка од колегите“, исрекна е пејачката.

Инаку, откако почна пандемијата со коронавирусот, Радмила заедно со нејзиното момче заминаа на село кај таткото на пејачката.