Од почетокот на јанаури, Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ често се присутни во медиумите и се пишува за нив.
Се започна кога српските медиуми почнаа да пишуваат дека наводно Јелена Карлеуша го изневерувала сопругот Душко Тошиќ со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш.
Се појавија и фотографии на кои наводно е и пејачката гола, а таа ги демантираше сите овие пишувања.
Кога малку запреа овие пишувања, Карлеуша ја снајде нова трагедија, односно почина нејзината мајка.
На сметка на нејзината тага и болка, во медиумите често се појавуваа вести за Јелена и Дивна Карлеуша.
Потоа, повторно започнаа приказните за Јелена и Душко, па наводно парот се разведува.
Исто така, се поајвија вести каде се шпекулира дека Тошиќ ја изнверувал Јелена со српската старлета Сораја Вучелиќ, а таа ги демантираше овие пишувања.
По сите овие пишувања, Тошиќ не се огласуваше и не коментираше, се до вчера кога на „Инстаграм стори“ напиша:
„Им порачувам на сите новинари и таблоиди дека не сум достапен за нивните комбинации бидејќи не престануваат да пишуваат болни лаги“ напиша Тошиќ.