Радио Милева

По синот на Бекам, сега се зборува дека Рита Ора е во врска со овој популарен колега?!

По синот на Бекам, сега се зборува дека Рита Ора е во врска со овој популарен колега?!

Иако со месеци ги отфрлуваа шпекулациите за можната врска, и само се смееја на таблоид гласините дека од нивниот заеднички дует можеби има нешто повеќе, Лиам Пејн и Рита Ора не можат да ги тргнат очите еден од други.

Не само што заедно се појавија на црвениот килим на филмскиот фестивал во Кан, но, исто така, една недела претходно, беа на вечера во Лондон, а со оглед на тоа дека и двајцата се соло, а пејачката Лиам го нарече “најдобриот човек што некогаш го запознала” фановите на можат да не помислат дека меѓу нив има нешто повеќе од професионална соработка.

Обожавателите не ги изненадува нивното инсистирање на “само се забавуваат” во текот на 2018 година, со оглед на тоа Лиам тогаш беше уште со мајката на неговото дете Шерил, а со оглед дека тие беа многу зафатени во текот на годината, а имаа и кратки врски-  нешто сериозно не можеше да се случи.

Сепак, сега кога судбината ги спои, се чини дека ѕвездите дури и не се обидуваат да ја сокријат расцутената љубов, но не сакаат да го потврдат тоа.

“Знам за гласините дека сме во врска со Лиам, и тој  навистина е еден од најдобрите луѓе што ги имам запознато, но ние сме само блиски пријатели”, рече Рита Ора во едно неодамнешно интервју.

фото:гуливер/гети имиџис

To top