Радио Милева

По секојдневните караници и тепачки на Анабела и Гаги во „Задруга3“ се огласи и Слоба: „Најмногу ми е жал за Луна!“ (видео)

По секојдневните караници и тепачки на Анабела и Гаги во „Задруга3“ се огласи и Слоба: „Најмногу ми е жал за Луна!“ (видео)
фото:принтскрин/телеграф.рс

Слоба Радановиќ и Луна Ѓогани се разделија по „Задруга 1“, но иако пејачот одамна стави точка на нивната врска, кај Луна случајот не е таков.

Радановиќ веќе неколку месеци ужива со новата девојка Јелена, со која го поминува времето во самоизолација, додека Луна повремено има испади во кои се сеќава на нејзината врска со Слободан, која, очигледно, сè уште не ја преболила, иако е во врска со Марко Миљковиќ.

Неодамна, Анабела и се придружи на „Задруга“, а таа и екс-сопругот Гаги често расправаат јавно, па токму затоа Луна мина низ тешки моменти, дури и сакаше да излезе од ријалити шоуто.

фото:принтскрин/твпинк

За време на неговото појавување во шоуто „Магазин ин“ на Сања Маринковиќ, Слоба јасно стави до знаење дека е свесен за целата ситуација и искрено одговори на прашањето за Луна.

– Жал ми е за Луна, сега кога ќе погледнеш од овој агол? праша Сања.

– Секако дека е така. Од еден агол, жал ми е за сите поединечно, но некако ми е најмногу жал за неа во целата таа приказна – рече Слободан.

Погледнете го видеото:

Останати вести од Радио Милева