По повод петтиот роденден на настанот „Игри без маска, театар без дискриминација“ кој има хуманитарен карактер, се снимаше химна, а на случувањето се сретнаа и поранешните сопружници Татјана Стојановска и Благоја Грујовски.
Поминаа речиси 12 години откако ТВ презентерката и фолк пејачот му ставија крај на десетгодишниот брак од кој имаат еден син.
Очигледно, дека иако поранешни, Татјана и Благоја успеале да останат во коректен однос, кој сега го покажаа и пред објктив јавно.
Инаку, Благоја е во втор брак од кој има синче, додека Татјана е во подолга врска.
На фотографијата позираат заедно со останатите учесници од реализацијата на хуманитарната снимка, а на истата и двајцата изгледаат позитивни и насмеани.