Радио Милева одлично се забавува

По разводот со Амиџиќ, Даниела максимално ужива: “Си ја бркам мојата работа“- еве каде се наоѓа (фото)

По разводот со Амиџиќ, Даниела максимално ужива: “Си ја бркам мојата работа“- еве каде се наоѓа (фото)

Топ моделот Данијела Димитровска и водителот Огњен Амиџиќ се разведоа по десет години брак во кој го добија синот Матеја, по што секој си продолжи со својот живот.

Огњен ќе го гледаме, до крајот на сезоната на „Амиџи шоу“, а Данијела отпатува во Грција каде максимално ужива.

Данијела Димитровска по разводот, привлече големо внимание со оваа фотографија во бикини и го покажа своето змиско тело, а во претходните објави јасно стави до знаење дека одлично се забавува.

„Искапена на сонце, хидрирана, си ја бркам мојата работа“, напишала на англиски во описот на фотографијата со која маѓепсала многумина, а следеле и бројни комплименти.

Да потсетиме, Данијела и Огњен заеднички изјавија дека трето лице не е виновно за нивниот развод и дека останале во пријателски односи заради интересите на нивниот син, но и дека повеќе нема да коментираат за тоа.

Фото:Принтскрин/Инстагарам/danijeladimitrovska

To top