Познатата манекенка Данијела Димитровска реши радосната вест да ја сподели на социјалните мрежи. Зад неа е многу тежок период низ кој помина откако се раздели од сопругот Огњен Амиџиќ.
Данијела е многу посветена на семејството, каде што најде најмногу љубов и разбирање откако не живее во заедница со сопругот. Нејзиниот син Матија го прифатил разводот како нешто нормално.
На својот Инстаграм профил Данијела сподели фотографија врз основа на која можеме да заклучиме дека сака да сподели добри вести со јавноста.
Врз основа на тоа, разбравме дека доаѓа принова во семејството.
– Денеска славиме дупло! Девојче е – напишала манекенката во описот на објавата.
Иако сите веднаш помислија дека во прашање е Данијела, се покажа дека всушност нејзината сопствена сестра Ивана Димитровска Јевтиќ е бремена.
Дупла среќа е затоа што токму на денот кога Ивана го дознала полот на бебето и било роденден на Даниела. Изгледа дека тетката не можела да добие подобар подарок, а на оваа радосна вест сигурно со цело срце се израдувал и нејзиниот син Матеја.
Фото: Принтскрин/Инстаграм