Радио Милева криеше од јавноста

По разводот од Џони Деп, Амбер Херд стана мајка: „Таа е остатокот од мојот живот“

По разводот од Џони Деп, Амбер Херд стана мајка: „Таа е остатокот од мојот живот“

Актерката Амбер Херд објави дека веќе 12 месеци е мајка.

Имено, таа на 8 април ја родила ќерката Уна Пејџ, но таа досега не сакаше да обелодени дека се породила.

Таа се одлучила за сурогат мајка.

„Многу сум возбудена што можам со вас да ја споделам оваа вест. Пред четири години одлучив да имам дете и сакам да тоа го направам по сопствени услови.      Благодарна сум што ние како жени за една од најважните одлуки во нашиот живот може да размислуваме на ваков начин. Се надевам дека ќе дојдеме до точка во која ќе стане нормално дека не сакаме прстен за да имаме колевка. Исто така разбирам дека природата на мојата работа ме принудува да преземам контрола над ова“, откри Херд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amber Heard (@amberheard)

„Мојата ќерка е родена на 8 април 2021 година. Се вика Уна Херд. Таа е почеток на остатокот од мојот живот“, напиша таа во описот на фотографијата.

Амбер Херд од почетокот на 2020та година е во врска со кинематографот Амбер Херд, а својата ќерка ја крстеше по покојната мајка.

To top