Крстиња Матановиќ, поранешна Тодоровиќ, пејачка од популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, се ослободи од вишокот килограми, се разведе, а потоа повторно се заљуби.
Познатата пејачка Крстиња гостуваше кај водителот Иван Гајиќ во „Пулсот на Србија“ каде ексклузивно откри дека пронашла нова љубов.
Таа не сакаше да го открие идентитетот на лицето, но откри неколку интересни детали за гледачите.
– Можеме да кажеме дека среќниот добитник треба да се подготви. Ова не е човек од јавниот живот. Тој е од Подгорица, и е доволно возрасен да се справи со мене. Што се однесува до тоа со што се занимава па со што може да се занимава партнерот на Крстиња? Мора да се занимава или со пеење или со храна. Во овој случај, во прашање е сладолед. Приказната се одвива релативно од неодамна, а инаку се знаеме многу долго. Некогаш ќе биде интересно да се раскаже, но сега навистина не е вистинскиот момент. Навистина имаме љубов и таа е взаемна, што е најважно – рече Крстиња.
Да потсетиме, Кристиња покрај тоа што имаше прекрасен глас, поради вишокот килограми имаше и операција за намалување на желудникот, при што ослабе 92 килограми, а потоа и беше оперирана за отстранување на вишокот кожа.
А нејзините најнови фотографии на Инстаграм покажуваат колку биле успешни овие процедури.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Крстиња_/Курир ТВ