Познато е дека пејачката Адел многу тешко го поднесе развод од сопругот во 2019 година. Периодот што следеше беше исклучително тежок за неа.
Ригорозната диета, солзите и борбата за самодоверба траеја долго, а сега пејачката конечно е среќна. Ако им се верува на пишувањата на странските медиуми, Адел има ново момче.
Според магазинот „Сан“, Адел е во романса со нејзиниот долгогодишен пријател, раперот Скепт, со кого неколку пати одела на „состанок“ по разводот со сопругот Симон Конечки.
Според магазинот, извор близок на пејачката изјавил дека искрите меѓу нив се присутни веќе некое време:
– Никој не можеше да претпостави, но има виор на страст помеѓу Адел и Скепт.
„Адел има ново момче“ – тоа е насловот што ги преплави светските медиуми, а сè започна кога раперот и пејачката беа фатени во романтично излегување во еден лондонски бар.
Адел навистина имаше тежок период зад себе, а кога нејзиниот сопруг ја остави, единствениот мотив беше нејзиниот син. Меѓутоа, ако им се верува на странските медиуми, сега и доаѓа нов, многу поубав и емотивен живот.