Адел и Симон се запознале во 2011 година благодарение на нивен заеднички пријател.
Парот во 2012 година го добија синот Ангел, а во 2016 година стапија во брак, а овој детаљ пејачката го откри на еден нејзин настап.
Според пишувањата на „The Sun“, Адам и Симон не потпишале пред брачен договор за поделбата на имотот.
Споре изворите богатството на Адел се проценува околу 160 милиони евра и половината од богатството Адел ќе мора да го подели со сопругот.
Меѓутоа, тоа не е голема грижа за Адел. Таа има три студиски албуми кои ја направија најбогата жена во музичката индустрија во Велика Британија.
Во 2016 година, таа беше на врвот на листата на најуспешните жени под 30 години.