Во последниот период медиумите пишуваат за нарушениот однос меѓу Тања Савиќ и нејзиниот сопруг Душан кој ги однесе синовите во Австралија.
„Дејли мејли“ пишуваше за нивниот однос, а насловот гласеше: Maжот на српската пејачка ги негира тврдењата за интернационалната борба за старателството по што ги донесе децата во Голд Коуст поради што нивната мајка не може да ги види“.
„Дејли Мејли“ наведува дека Душан се вратил во родниот крај со своите деца откако воведоа ограничувања за патувања поради коронавирусот.
Српските медиуми пишуваа дека Јовановиќ тоа го направил без дозвола на Тања.
По сите шпекулации и пишувања сопругот на пејачката за IDJTV откри зошто ја напуштил Србија.
„Децата и јас заминаваме во Австралија поради нивна безбедност и секако дека ќе се вратиме во Белград кога ќе помине се ова околу Ковид 19 и кога ситуацијата ќе се врати во нормала. Така се договориме со сопругата. Таа остана бидејќи има работни обврски“ вели Душан.
Тој истакна дека одлично функционират во брак и ги демантираше приказните за нивниот лош однос.
„Ние и ден денес сме заљубени еден во друг. Ја сакам сопругата како и првиот ден. Се слушаме двпати на ден. Незгодно е поради временската разлика. Се слуша со децата пред спиење и наутро кога ќе станат“ вели сопругот на Тања.
Јовановиќ додава дека децата се среќни и дека тие се силно семејство.
„На нив им недостига нивната мајка, а и на мене исто така“ заклучува Душан.