Радио Милева

По приказните за разводот, сега странските медиуми тврдат дека Амал Клуни е бремена со близнаци?

По приказните за разводот, сега странските медиуми тврдат дека Амал Клуни е бремена со близнаци?

Иако пред неколку дена се пишуваше дека Џорџ и Амал Клуни се разведуваат изгледа дека нивната приказна доби друг епилог.

По шпекулациите дека во нивниот брак владее криза, сега странските медиуми пренесуваат дека нивното семејство може да се прошири за уште два члена.

Наводно, Џорџ и Амал наводно биле на вештачко оплодување кое завршило успешно.

Анонимен извор тврди дека Амал е бремена и очекува девојчиња, а веста на семејството и пријателите планираат да ја кажат за Божиќ.

фото: гуливер гети имагес

„Поминуваа низ тежок период, но изгледа дека ги решија недоразбирањата. Џорџ не излегува толку често, а Амал тоа го цени. Сега уживаат во заслужената среќа“ изјави добро известен извор.

По вестите дека нивниот брак е во криза и дека се разведуваат, јавноста шпекулираше за висината за поделба на имотот. Како што пишува британски „Miror“ доколку тие се разведат, нивниот развод ќе тежи 460 000 000 евра.

Бидејќи се зборуваше дека овој пар повеќе не сака деца, наводно се одлучиле да одат на вештачко оплодување за да го спасат бракот.

To top