Радио Милева

По повеќе од два месеци Дарко Лазиќ се виде со ќерката Лорена

По повеќе од два месеци Дарко Лазиќ се виде со ќерката Лорена

Мајката на Дарко Лазиќ, Бранка Лазиќ отрки дека нејзиниот син по повеќе од два месеци конечно се видел со ќерката Лорена.

Тој водел емотивен разговор со својата наследничка и тоа преку видео – порака.

Според тврдењата на мајката на Дарко, Лорена на Дарко му дала сила да побрзо оздрави и да се врати дома.

„Во вторник се слушнаа преку видео – порака на „Вибер“. Лорена веднаш го праша: „Тато кога ќе дојдеш?“ Тој и одговори дека ќе види, кога ќе заврши со работа. За Лорена, Дарко е на пат и има многу работа. Мојот син беше многу возбуден поради разговорот со Лорена, двајцата беа пресреќни“ изјави Бранка.

Таа истакна дека девојчето се уште ништо не знае за сообраќајната несреќа на пејачот.

„Не и кажавме дека татко и е во болница, туку дека е на работа. Нема да може тоа да го разбере, а не сакаме да ја траумираме“ вели мајката на Дарко и додава дека  Лорена се уште во живо не го видела својот татко,  но дека се надева дека Ана Севиќ наскоро ќе ја донесе во бањата каде моментално оздравува пејачот.

„Ана ми кажа дека сега кога Дарко е подобро ќе ја донесе Лорена во бањата.На мојот син многу и недостига ќерката, но ќе мора уште малку да почека до средбата со него“ вели Бранка.

Адвокатот на поранешната сопруга на Дарко истакна дека за средбата со Дарко, Лорена ја подготвуваат психолози. Бранка истакна дека мисли дека тоа не е точно, бидејќи Севиќ не и кажала такво нешто.

„Не верувам дека Лорена оди кај психолог бидејќи Ана ништо не ми кажа“.

Според Бранка се ќе се среди кога Дарко ќе оздрави.

To top