Принцезата од Сесекс Меган Маркл и нејзиниот сопруг Хари вчера станаа родители за првпат, а Меган роди син.
По тој повод, се огласи и таткото на Меган со кого принцезата не е во најдобри односи.
„Горд сум што мојот внук е роден во британско кралско семејство и сигурен сум дека ќе порасне за да служи на народот во Британија со милост, чест и достоинство“ изјави поранешниот холивудски директор.
Како што пренесува „Ројтерс“ тој на детето му посакал добро здравје и среќа.
„И честитам на мојата драга ќерка, војвотката Меган и на принцот Хари, а Господ нека ја чува кралицата“ вели Томас Маркл.
Томас не зборува со својата ќерка од нејзината свадба во мај претходната година, а тој не присуствуваше на венчавката поради срцев удар.