На одржаната пред конференција на хрватската пејачка Северина по повод големата регионална турнеја „The Magic Tour”, пејачката изнесе шокантни обвиненија против училиштето каде учи нејзиниот син Александар.
„Ми се случуваат многу тешки работи во однос на мојот живот со детето и сопругот. Имено, во петокот, на 11-ти октомври во училиштето каде што син ми е во второ одделение во меѓународна програма, се случи инцидент кога мојот сопруг, кој уредно заедно со мене го зема детето од училиште, појде да го земеме детето од настава, а од училиштето не му го дале, туку го заклучиле, физички и психички го малтретирале и го држеле затворен повеќе од два часа“, вели Северина во своето обраќање.
По овој инцидент се огласи и сопругот на Северина кој за infex.hr
„Се уште го немам официјалниот извештај од училиште, но врз основа на информациите Игор Којиќ го испровоцирал тој инцидент. Игор го испровоцира тој инцидент со своето насилно и непримерно однесување, поради што училиштето повикало полиција“ вели Поповиќ и додава:
„Можам да ви кажам дека во тој момент се слушнав со детето и немаше никакво злоупотребување. Инцидентот е направен за да се направи сензација. Испровоциран е за да направи сензација од две причини – првата е да направи сензација за нејзината нова турнеја, а втората е што сите сме во очекување не пресуда за една постпака. Како и досега. Во текот на очекување на некоја важна пресуда од страната на Северина имаше вакви испади со кои таа ја обивнува институцијата или обвинителството и на тој начин врши притисок со надеж дека на некој начин ќе помогне во коночната пресуда“ вели Поповиќ.