Анита Лазарова, мајка на јутјуберот Стефан Лазаров кој се најде во центарот на скандалот со новинарот Драган Павловиќ-Латас кој како гостин во неговиот подкаст зборуваше за начинот на кој тој и негови другари на 15 годишна возраст наводно сексуално злоупотребиле девојка во автомобил, која притоа била и „шамарана“, ја искина партиската книшка од СДСМ.
Ова следува откако Форумот на жени на СДСМ јавно ги осуди Лазаров и Латас и го повика Јавното обвинителство да покрене постапка.
Мајката на Лазаров на Фејсбук објави дека СДСМ „претерале “ и мислат дека од позиција на моќ можат се’.
„За да објавиш вакво нешто само заради тоа зашто не ви се допаѓа гостинот (н.з. Латас), а притоа да етикетираш млад човек за насилство врз жени е многу, ама многу примитивно. Жалам за моите сопартијци, со кои долго време зборуваме дека не си ја препознаваме партијата на која и веруваме повеќе од 20 години. Од мене и од многу како мене ЗБОГУМ. Јас сепак сакам демократија“ – напиша Лазарова како реакција на барањето на Форумот на жени на СДСМ.
И самиот Лазаров се огласи со реакција. Тој не гледа ништо спорно во тоа што се зборуваше на неговиот подкаст и начинот на кој тој и неговиот гостин зборуваа за сексуалниот чин и третирањето на жената. Според него, живееме во држава во кој се чека момент да се уништи некој и дека нема проблем со тоа, но и нема никогаш да прифати дека е поддржувач на силување.
Ова не е ниту прв, ниту единствен случај, зашто последниве години многумина сеге веќе бивши партиски членови на СДСМ јавно или интерно го сториле истотото. Меѓу најпознатите беше македонската манекенка и фото модел Билјана Стоиловска, револтирана од неспособноста, инертноста, килавоста, корумпираноста… на актуелната „криминална“ власт предводена од СДСМ, кога во октомври 2021 година јавно ја искина партиската членска книшка на СДСМ (КЛИКНИ ТУКА).
Фото: Инстаграм принтскрин/_lazarovv