Марко Маринковиќ – Слаткар и неговата сопруга Сања Николиќ на средината на април, поточно на 15.04.2020 година се реализираа во нивната најважна улога – станаа родители на син.
Парот за нивниот наследник одбра оригинално име – Моша.
Новопечениот татко тогаш на социјалните мрежи ги сподели среќните вести за пристигнувањето на новиот член.
„Се роди Моша Маринковиќ. Голем да му расте“, напиша на „Фејсбук“.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/se-porodi-sanja-nikolikj-slatkar-stana-tatko-sinot-vekje-dobi-ime-mosha-foto/
Оттогаш секој нивен момент е исполнет со радост, љубов, среќа, а бидејќи периодов седиме дома, тие имаат уште повеќе време да се посветат и уживаат со синчето.
Деновииве, Сања одлучи да го искористи топлото и убаво време, па да ја направи првата прошетка со Моша.
Таа со заштитна маска се прошета со синчето низ скопските улици, а Слаткар овој момент го овековечи со видео кој го објави во кратките приказни на својот „Инстаграм“ профил.
фото: принтскрин/инстаграм/сањаниколиќ