Радио Милева

По неколкумесечна борба со болеста се огласи Оливер Драгојевиќ – еден детаљ е изненадувачки!

По неколкумесечна борба со болеста се огласи Оливер Драгојевиќ – еден детаљ е изненадувачки!

Популарниот пејач Оливер Драгојевиќ веќе некое време храбро се бори со ракот, а моментално времето го минува во домашни услови каде го негува сопругата Весна.

Оливер открива дека деновите не му минуваат затворен дома, туку се решил дури и во таква состојба да се занимава со спорт.

-Јас почнав да играм тенис. Пробав со синот, но тоа не личеше на ништо. Беше само обид, вели Оливер за хрватските медиуми.

Малкумина очекуваа дека музичарот во време на тешки моменти ќе се посвети на спортот и тоа тенис, а очигледно дека и покрај тешката борба тој не се откажува од ведриот дух и оптимизмот.

Тoј порачува дека неговата болест долго се лечи и бара доста трпение.

-Не сум лошо, само треба да чекам. Во прашање е болест која бара време и многу трпение, заклучува пејачот за 24 сата.хр

Foto: Vladimir Nešović / RAS Srbija

 

To top