Минатата година во месец ноември јавноста беше шокирана од смртта на младиот музичар Арон Картер кој уште е познат како помалиот брат на Ник Картер од „Бекстрит бојс“.
Сега во американските медиуми е откриена и причината за смртта според резултатите од обдукцијата.
Картер починал од давење и ефектите на дифлуороетан, запалив гас кој често се користи како погонско гориво во лименки со компримиран воздух, и алпразолам, генеричка форма на ксанакс, се вели во копијата од извештајот од неговата обдукција, известува „Пејџ сикс“.
Картер беше пронајден мртов на 5 ноември во када во неговиот дом во Ланкастер, Калифорнија. Имаше 34 години.
Домашната помошничка на Картер го открила неговото тело и дека „врескала“ кога се јавила на брзата помош. Џејн Картер, мајката на Картер, претходно не верувала дека нејзиниот син починал од случајно предозирање. Таа сакала дополнително сè да се истражи.
„Никогаш тоа не го истражија како можно место на злосторство поради неговото зависничко минато“, напиша таа во март на Фејсбук.
фото:Инстаграм принтскрин