Пејачката Северина во јавноста често зборуваше за нејзиниот татко во суперлативи, но никогаш не покажа како изгледа.
Овој пат, Северина објави постара фотографија од татко си и покажа на кого личи и по кој го добила името.
-Мојот татко Север, напиша пејачката покрај фотографијата на Инстаграм, а под објавата следеа коментари од нејзините следбеници.
View this post on Instagram
Инаку, Северина во младоста остана без нејзиниот татко, а според зборовите на нејзината мајка Ана, пејачката од него го наследила својот карактер.
Север Вучковиќ е роден во Сплит, бил камионџија, а неговата партнерка со која ја доби Северина била келнерка.
фото: Принтскрин/инстаграм/северина