Принцот Чарлс и принцезата Дајана не беа верни еден на друг, поради што се шпекулираше дека помладиот син не е дете на кралското семејство.
Поранешниот љубовник на покојната принцеза одлучи да проговори по многу години. Извесниот Џејмс Хјуит со кого Дајана беше во врска одлучи да ги реши дилемите на јавноста.
Инаку, тој е угледен господин и британски офицер, а неговата врска со мајката на принцот Хари беше детално следена во светските медиуми. Хјуит во едно телевизиско интервју откри дека не е можно тој да биде таткото на Хари.
-Не, јас не сум негов татко. Тоа е само една од многуте дезинформации што медиумите ја продадоа. Тие лаги сигурно тешко му паѓаат на Хари, но мене потешко, вели Џејмс.
Инаку, тој беше во врска со покојната принцеза во 1986 година – две години пред да се роди Хари.