Социјалната мрежа Инстаграм е сигурна зона за фолк пејачката Анета Љумаковска која народот е навикнат да ја поврзува со „Молика“, иако таа сега преферира да ја знаат како Љумаковска- моминското презиме со кое и ја почна музичката кариера.
По разделбата од сопругот и колега Џими Мицевски, Анета и музичарот се во бракоразводна постапка, но поради договор остануваат да функционираат со група „Молика“ се до следниот месец август.
Анета се штеди од коментарите на Фејсбук, бидејќи како што вели тешко со носи со истите, но затоа пак е активна и гласна на Инстаграм каде често ја има со нешто ново.
Овој пат на ум имаше само едно – едноставна животна девиза која веројатно ја следи и почитува, па сакаше да го акцентира својот пат кој го следи за благосостојба и мир на душа, а гласи:
-Моли го Бога никогаш да не зависиш од никого. Бог да ти даде здравје и среќа. Да ти ги чува очите, рацете, нозете, да имаш чувства и разум. И додека е така, среќен си.
Здравјето ја носи и независноста, па и се’ останато, а пејачката потенцираше која е нејзината секојдневна водилка. Е сега, кому сакаше да му се докаже, дали ова на некој начин беше индиректна порака или пак едноставно се пронајде во истата, најдобро знае самата. А вие? Кој знае и умее, нека „чита меѓу редови“!
Фото: Инстаграм принтскрин/anetaljumakovska123