Радио Милева

По концертот, Мадона пред фановите направила нешто што никој не очекувал (фото)

По концертот, Мадона пред фановите направила нешто што никој не очекувал (фото)

Кралицата на поп музиката, Мадона по концертот во Чикаго, по напуштањето на театарот ги изненадила фановите со својот потег.

Имено, пејачката од театарот излегла во високи црни чизми и јакна од брендот „Версаче“ , а кога ги видела фановите не ја криела насмевката на лицето, а сите биле изненадени кога од нигде никаде им се исплазила.

Меѓутоа, никој не очекувал дека кралицата на поп музиката на тој начин ќе ги прозве.

фото: Профимедиа

Мадона во рамките на турнејата „Madam X“ веќе шест пати настапувала во Чикаго, а последниот настап на споменатото место бил во понеделникот на 28-ми октомври.

Иако е во седмата деценија од животот, Мадона изгледа одлично, а ако судиме по интересот на нејзините концерти, годините ништо не и можат на пејачката.

За потсетување, просечната цена на карта за концерт на Мадона изнесува 301 долар.

 

To top