Радио Милева

По изолацијата од коронавирусот, Вељко Ражнатовиќ повторно ќе биде разделен од бебето и сопругата и тоа на осум недели

По изолацијата од коронавирусот, Вељко Ражнатовиќ повторно ќе биде разделен од бебето и сопругата и тоа на осум недели

Кога Вељко Ражнатовиќ откри дека е позитивен на коронавирусот, тој веднаш ги спакува куферите и се раздели од сопругата Богдана и синот неодамна родениот син Жељко.

Тој и неговата мајка Цеца Ражнатовиќ, исто така позитивни на вирусот, се изолираа во семејниот дом на Дедиње и веднаш откако дознаа дека младиот боксер е негативен, а исто и Цеца, тој се врати кај синот и сопругата Богдана.

фото:вељко ражнатовиќ/инстаграм/принтскрин

Вељко сега на Инстаграм објави дека се вратил на своите спортски обврски и го фотографирал погледот од „кампот“ каде ќе ги помине наредните осум недели.

фото:вељко ражнатовиќ/инстаграм/принтскрин

„Мојот дом наредните осум недели. Боксерски живот“, напиша тој ставајќи до знаење дека професијата не смее да трпи, а жртва мора да има.

To top