Радио Милева

По италијанскиот сликар Лидија Вукиќевиќ има ново момче – тежок богаташ!

По италијанскиот сликар Лидија Вукиќевиќ има ново момче – тежок богаташ!

Популарната актерка Лидија Вукичевиќ до пред извесно време беше во врска со италијански сликар. Набрзо си најде нов и тоа на патување.

-На патување заминав со патнички авион, а се вратив со приватен, заедно со новото момче, вели актерката за магазинот „Глорија“ и со тоа откри дека нејзината нова љубов е со добар имотен статус.

Станува збор за странец чиј идентитет не сака да го открие, но не крие дека ужива во секој момент поминат со него.

-Многу ми е убаво, тоа трае некое време. Поминуваме одлични мигови, а и двајцата сакаме романтика. Не ми годи постојано да бидам со партнерот, не сум од тие жени кои сакаат да го имаат мажот 24 часа на располагање. Тоа ме гуши, не сум тој тип. Верувам дека во таквата врска се губат страста и емоциите. Ми одговара да бидеме одвоени, а кога сме заедно, тогаш ни е многу убаво, вели искрено Лидија.

 

Останати вести од Радио Милева