Радио Милева

По исчезнувањето на Наум Петрески се огласи и неговата сопруга Зуица Лазова! (фото)

По исчезнувањето на Наум Петрески се огласи и неговата сопруга Зуица Лазова! (фото)

Во медиумите вчера се појави вест дека пејачот Наум Петрески исчезнал во Сиднеј.

Имено, покрај силното невреме Наум Петрески заедно со Стив од Куку Леле и продуцнетот Ване Петковски заминале на риболов, а потоа им се губи трага.

Меѓутоа, за среќа пејачот е добро и не се случило ништо сериозно. Неговата сопруга Зуица Лазова истакна дека станува збор за мало недоразбирање.

Се е во најдобар ред, станува збор за мало недоразбирање, фала му на Бога сите се добри. Дури веќе и започнавме да се подготвувавме за наредниот концерт кој ќе се одржи Камбера на 23 јуни, изјави Зуица за „Естада плус“.

Се огласи и продуцентот Ване Петкоски кои исто така беше со пејачот, па покажа дека е добро и дека сепак успеале да уловат риба.

Инаку, Зуица и Наум моментално се во Австралија каде што се подготвуваат за големата турнеја која ги чека надвор од границите на Македонија.

фото: фејсбук

 

To top