Со месеци една од главните теми во медиумите, барем кога станува збор за шоубизнисот, е Тања Савиќ и нејзиниот сопруг кој уште во април месец ги однесе нејзините синови во Австралија и не им дава на пејачката да стапи во контакт со нив.
Савиќ гостуваше во емисијата „Магазин ин“ каде што откри детали за бракот, дека и тоа не знаела дека сопругот ќе ги однесе децата, дека тој и ја украдел целата заштеда….
Сопругот на пејачката, Душан Јованчевиќ се огласи и ја откри својата страна на приказната.
Имено, тој за „Премиера“ откри непознати детали за односот со Савиќ.
„Тања беше во емисија на Пинк и се што кажа е лага. На крајот од емисијата ги читаше нашите пораки. Не читаше се, туку само она што јас и го пишував. Сакам сите да ги видат тие пораки и да дознаат каква е Тања Савиќ, мајка на деца. Срамота“ започнува Душан.
„Како се обраќа снаа на свекрва. Мојата мајка и праќаше пораки, а ги слушнете аудио снимките. Таа така ми се обратува, а ги чувам нашите заеднички деца. Треба да се срами. Имам многу работи да покажам во јавност. Вели дека ја блокирам, а таа мене ме блокира. Ете докази. Се што кажува е лага. Јас се ќе докажам. Адвокатите ме советуваа уште да не зборувам, но нека светот види како ни се обратува“, вели Јованчевиќ и додава:
„Децата и јас ќе имаме докази пред суд дека таа не остави. Децата сами ги оставаше во станот. Се тоа е пријавено во полиција. Психички не малтретираше. Нека се колне пред судот и Бога дека не е вистина. А ги имам сите докази. Ги тепаше и децата. Ѓорѓе на училште одеше со модринки. Училиштето пријави во полиција, па Тања мораше да одговора. А вели дека јас сум виновен. Во емисијата кај Сања 90% што кажа е лага. Се лажеше поради интерес и маркетинг за својата нова песна“, вели сопругот на пејачката.
Она што најмногу се шпекулираше дека Душан ги украл пасошите на децата и без знаење на Тања ги однел децата во Австралија.
„Секако дека знаеше. Требаше и таа да оди, поради Ковид 19 одлучивме да се вратиме. Тогаш таа исчезна и ги украде пасошите на децата. Австралиската амбасада ни помогна да се вратиме. Тања знаеше цело време. Таа психички не малтретираше. Јас никогаш не кажав дека не планирам да се вратам. Нејзиното однесување е нула. Децата не сакаат да се вратат. Тања има психичко пореметување кое го крие. Јас бев покрај неа 12 години во бракот. Ние имаме прекрасни синови. На Тања нешто и се случува, а ние не знаеме што е тоа, не сака да и помогнеме. Сетите се на нејзините изјави од пред пет месеци, кога велеше дека сме си заминале поради Ковид и дека во Австралија ни е побезбедно. А сега е обратна приказната. Што се случува? Има некој свој план, интерес, најверојатно маркетинг поради нова песна. Не знам. Само знам дека мора да се дознае вистината.